logo
logo
logo

Конечно македонското здравство се ресетира, ПОЧНАА РЕКОНСТРУКЦИИ, СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИ, КАПИТАЦИСКИ БОД

Vecer | 08.04.2025

Конечно македонското здравство се ресетира, ПОЧНАА РЕКОНСТРУКЦИИ, СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИ, КАПИТАЦИСКИ БОД

Владата се грижи подеднакво за сите. Здравствените реформи носат резултати. Конечно македонското здравство се ресетира, освен бројните реконструкции во здравствените установи сѐ со цел подобрување на здравствена заштита и услуга на пациентите, растат и платите на здравствените работници, медицински сестри кои неуморно се борат за здравјето на граѓаните, велат од Владата

Од државниот буџет се обезбедени 550 милиони денари за раст на платите во здравството.

За само 6 месеци, здравствените работници, медицински сестри, технички и административен персонал добија второ покачување од 5 проценти, со што платата на докторите е зголемена за 4.815 денари, додека на медицинските сестри за 6.200 денари.

Дополнително, со Буџетот се издвојуваат околу 4.5 милијарди денари за зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари или зголемување од 33 проценти, додека за стоматологија од 61 на 75 денари односно зголемување од 23 проценти.

Со ова покажуваме дека никој не е заборавен и изоставен, напротив максимално се трудиме за унапредување и поддршка на здравствениот систем и поттикнување на мотивацијата на матичните лекари.

Наша цел е до крајот на мандатот, платите во здравството да се покачат за 50 проценти.

Работиме посветено и одговорно, за Македонија повторно да биде ваша, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk