logo
logo
logo

Колку милиони ја чинат Македонија ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ВО ДУБАИ и од каде им се милионските трансакции?

Vecer | 24.04.2025

Колку милиони ја чинат Македонија ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ВО ДУБАИ и од каде им се милионските трансакции?

Наместо празни зборови и небулозни соопштенија СДС треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање. Заев и Филипче да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС.

Тандемот Заев Филипче треба да и каже на јавноста од каде им се милионските трансакции кон Дубаи и на кој начин ги стекнале тие средства, дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи?

Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште.

Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи?

Додека Заев и Филипче инвестираат и се луксузираат во Дубаи и во слободно време се веселат со Харис Џиновиќ, народот поради низата погрешни политики на СДС размислува како да го помине месецот.

Јавноста и граѓаните заслужуваат одговори а не изговори или молк.

СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk