logo
logo
logo

Кочанската болница со благодарност сите кои помогнаа: СЕКОЈА ПОДАДЕНА РАКА ЗНАЧЕШЕ СПАС И НАДЕЖ

Vecer | 21.03.2025

Кочанската болница со благодарност сите кои помогнаа:  СЕКОЈА ПОДАДЕНА РАКА ЗНАЧЕШЕ СПАС И НАДЕЖ

Кочанската болница изрази голема благодарност до сите здравствени работници и институции кои учествуваа во справувањето со трагичната состојба по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Во соопштението од болницата се наведува дека во напорите за згрижување на повредените активно биле вклучени вработените во болницата, Центарот за јавно здравје – Кочани, матичните лекари и приватните специјалисти од градот.

Дополнително, медицински екипи пристигнале од здравствените домови во Берово, Делчево, Виница, Неготино, Пробиштип, Пехчево, Радовиш, Валандово, Кратово, Велес, Демир Хисар, Крушево, Битола и Ресен.

Посебна благодарност е упатена до Црвениот крст, чиј тимови, во координација со матичните лекари од Кочани, Велес, Кавадарци, Скопје и Виница, учествуваа во медицинската интервенција.

Од болницата изразија признание и за приватните компании „Зегин“, „Але Дар“, „Центробизнис“ и маркетот „Кај Тоше“, кои со донации помогнаа во надминување на тешката состојба.

„Во овие критични моменти, секоја подадена рака значеше спас и надеж. Благодарност до Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи за нивната поддршка и координација“, се наведува во соопштението од ЈЗУ ОБ со ПД – Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk