logo
logo
logo

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

Vecer | 21.09.2023

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор.

- Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава, велат од Клиниката и додаваат дека и покрај потешкотиите што ги имаат поради блокираната сметка продолжуваат и понатаму да инвестираат и да се развиваат.

- Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании, се вели уште во соопштението до јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk