logo
logo
logo

Кој друг ако не КИНА: Донација од 20.000 евра за болните од ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

Vecer | 01.10.2023

Кој друг ако не КИНА: Донација од 20.000 евра за болните од ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

Амбасадата на НР Кина го објави соопштението кое Кабинетот на Претседателот Пендаровски не го достави до јавноста, за важна донација од НР Кина за болните од цистична фиброза.

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Согласно меморандумот ќе бидат обезбедени финансиски средства во износ од 1 280 000 денари, кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство, а ќе се искористат за набавка на опремување на просторот (соодветни детски креветчиња), монитори за следење на виталните релевантни параметри, апарати за физикална терапија и опрема за дијагностика за потребите на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје.

https://vecer.mk/makedonija/so-meseci-go-nema-ni-lekot-kreon-za-licata-so-cistichna-fibroza-vlastite-najavuvaat-od-ponedelnik/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk