logo
logo
logo

Кешишев сведочеше ЗА ПИШТОЛОТ И ЛИСТОТ КОЈ МУ ГО ДАЛ ПАЛЧО

Vecer | 04.04.2025

Кешишев сведочеше ЗА ПИШТОЛОТ И ЛИСТОТ КОЈ МУ ГО ДАЛ ПАЛЧО

Денеска продолжи судењето за убиството на Вања и Панче. Повторно сведочеше еден од обвинетите Кешишев.

Логично е дека пиштолот беше во ранецот, ако беше во тебе ќе се познаеше, му одговори Кешишев на прашањето од Палчо дали некогаш видел кај него пиштол.

Палевски побарал од Кешишев да објасни за листот што му го дал во комбето кога ги враќале од суд кон затворот. Станува збор за моментот кога поради притисок од „Царот“ Кешишев се обиде да го смени исказот веќе даде во Обвинителство, пренесе Република.

Кога нè трансферираа од судот кон затворот ,тогаш ми го даде записникот да го препишам со мој ракопис и да го дадам на судијата. Му реков нема ништо да биде од ова. Тој ми рече препиши и не бери гајле. Прво барав да ме тргнат од Велибор Манев и ме ставија со Палчо, објасни Кешишев.

Каде е листот?, го праша Палчо

Кога го препишав со мој ракопис тоа што ми го даде го фрлив, објасни Кешишев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk