logo
logo
logo

Катица Јанева СЕ ВРАБОТИЛА КАЈ СИНОТ, излегува од затвор и се враќа назад

Vecer | 12.02.2024

Катица Јанева СЕ ВРАБОТИЛА КАЈ СИНОТ, излегува од затвор и се враќа назад

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев. Објавата предизвика лавина различни реакции.

Информацијата ја потврдил за Плусинфо самиот Лазар Јанев, кој рекол дека неговата мајка ќе работи од далечина на правни и консултантски работи за кои не е потребно да биде присутна.

Лазар Јанев беше вработен како менаџер во поранешната телевизија 1ТВ на Бојан Јовановски Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, исто како и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од неодамна секој ден излегува од затворот ,,Идризово” и оди на работа, а потоа се враќа назад зад решетки. Информацијата за ,,Фокус” ја потврди Јовица Станковиќ, директор на Управата за извршување на санкциите. Тој појаснува дека Јанева се уште не ја издржала затворската казна, туку оди на работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk