Телевизијата Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски се овогодинешни добитници на специјалната меѓународна награда на УНЕСКО, единствена ваква награда што ја добил медиум од регионот.
Наградата на хуманитарната организација Books for Peace, се доделува за промоција на мирот, како и за македонската култура, борбата за човековите права, како и за професионално информирање на јавноста.
„Нема поголемо задоволство кога трудот, професионалната чесност и објективност во мојот корпоративен микро свет, Канал 5 ТВ, но и во нашиот макро свет, една и единствена Македонија , е препознаен од луѓе кои ме следат на LinkedIn, објави Мирчевски по добивањето на наградата.
Оваа година и јас и мојот незаменлив тим , моите колеги од Канал 5 ТВ ја добивме наградата на познатата хуманитарна асоцијација Books for Peace, не само за промоција на мирот, туку особено за промовирање на нашата уникатна македонска култура, борба за човековите права, особено на нас Македонците, за професионално информирање на јавноста.
Затоа што сме ние...Канал 5 ТВ Македонија!
Фото: принтскрин/илустрација
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата