logo
logo
logo

Какво ќе биде времето на Водици, таква ќе биде годината. НИЕ ИМАВМЕ СОНЦЕ...

Vecer | 19.01.2022

Какво ќе биде времето на Водици, таква ќе биде годината. НИЕ ИМАВМЕ СОНЦЕ...

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту, пак ,некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk