logo
logo
logo

Како Апасиев и Левица КУПИЛЕ ИМОТ ПО ЦЕНА ТРИ ПАТИ ПОНИСКА ОД ПАЗАРНАТА, ЈО ДА ИСТРАЖИ

Vecer | 08.04.2025

Како Апасиев и Левица КУПИЛЕ ИМОТ ПО ЦЕНА ТРИ ПАТИ ПОНИСКА ОД ПАЗАРНАТА, ЈО ДА ИСТРАЖИ

ЈО да истражи како Апасиев и Левица купиле дуќан од 1 милион евра за само 300 илјади? Димитар Апасиев кој беше наводен жесток поборник против банките и извршителите на крај со нивна помош купи имот по 3 пати пониска цена од пазарната, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Левица и Апасиев по стапките на братот на Груби се стекнаа со имот во центарот на Скопје по цена 3 пати пониска од пазарната.

Дали Левица и Апасиев имаат договор под маса?

Дали извршителот и банката анимирале доволен број потенцијални купувачи за дуќаните кој сега ги купил Апасиев?

Зошто не биле анимирани граѓани кои земаат кредити и купуваат дуќани по далеку поскапи цени? Дали била избегната поширока анимација на заинтересираните страни, за Апасиев да го земе дуќанот за џабе?

Левица и Апасиев се целосно демаскирани. Толку од аскетизмот и фолирањето. Сите гледаат како без грам двоумење Апасиев влезе во договор со банки и извршители да купи имот по 3 пати пониски цени.

Апасиев не се колебаше да го направи тоа што илјадници Македонци кои не се претседатели на Левица не можат да го направат. Прочитани сте, истакна Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk