logo
logo
logo

Јорданов: За да се стави крај на овие понижувања од власта потребни се час поскоро предвремени парламентарни избори

Vecer | 01.03.2021

Јорданов: За да се стави крај на овие понижувања од власта потребни се час поскоро предвремени парламентарни избори

„Во оваа изборна година сигурно знаеме дека ќе имаме локални избори, но посакувам да има и предвремени парламентарни избори, бидејќи не оди на добро целата состојба во државата.

Треба да се случат предвремени парламентарни избори за да се стави крај на овие понижувања кои што ние како народ ги доживуваме“,рече Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Што не е јасно“.

Јорданов додаде дека не треба да се потценува интелигенцијата на македонскиот народ.

„Дека се оди лошо во државата со оваа власт доказ се и вакцините кои што доцнат. Излегуваа со изјави дека набавиле вакцини, па излегуваа со изјави дека мора да се води сметка во која количина ќе бидат тие вакцини, за тоа што може да се набават многу вакцини повеќе од бројот на населението кое што живее во Република Македонија.

Најразлични изјави кои што одат во насока на она што ние го зборуваме, дека се навредува интелигенцијата на народот. Пропагандата на власта можеби минува кај одредена популација односно поддржувачи на СДСМ поминува, но во Република Македонија живеат луѓе на кои што во овој момент им е загрозено здравјето, им се загрозени основните елементарни права за живот“, појасни Јорданов.

Јорданов посочи дека четири години со оваа власт Македонија има уназадување на сите процеси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk