logo
logo
logo

Максим Димитриевски

“Кога врховен командант се срами да каже МАКЕДОНСКИ НАРОД, јавно се извинувам што го поддржав Пендаровски“

Vecer | 06.11.2022

“Кога врховен командант се срами да каже МАКЕДОНСКИ НАРОД, јавно се извинувам што го поддржав Пендаровски“

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 упати јавно извинување кон граѓаните што си дозволил да го поддржи претседателот Стево Пендаровски на изборите.

„Јавно се извинувам на граѓаните што си дозволив тогаш да го поддржам, бидејќи сметам дека со неговите постапки не ги оправдува моите очекувања и очекувања на граѓаните, од кој што јас барав да дадат поддршка“, порача Димитриевски.

Димитриевски ја коментираше изјава на претседателот Стево Пендаровски каде истакнал „народот на Северна Македонија“.

„Не народот, туку граѓаните кои што живеат таму. Тоа е срамна фраза да излезе од устата на еден претседател на држава кој што граѓаните го имаат бирано. Кога некој кој е врховен командант се срами да каже дека тоа е македонски народ и сите останати народи кои што живеат во оваа држава, тогаш треба да се постави под знак прашање зошто сме го поддржале тој човек да ни биде врховен командант?“, вели Димитриевски.

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски порача дека тие како нов политички субјект или здружение одат со реално остварливи политики.

„Кои ќе донесат подобри услови за живот во оваа држава, повисоко ниво на борба против корупција, реална борба против корупција бидејќи до сега 30 години слушаме како се плакне устата со борба против корупција“, вели Димитриевски.

 

На која страна ќе делува политичкиот субјект предводен од него?

„Индивидуалното мислење е една работа. Програмското мислење го дефинира самата програма на тоа движење. Се уште не сме политичка партија и можеби ќе учествуваме само како граѓанско движење а не политички субјект на изборите. Времето ќе го покаже тоа, а рамките на движењето ќе се дефинираат согласно програмата и изборните платформи кои ќе им ги понудиме на граѓаните“, вели Димитриевски.

Тој вели дека неговото лично убедување е кон лево, но по однос на националните државни прашања може да каже и дека е десничар.

Каков е интересот за нова политичка партија предводена од него.

Тој вели дека во моментов се во фаза на формирање граѓански здруженија кои сакаат да бидат и политички активни.

„Првенствено сакаат да покажат како здружение една општествена одговорност, хуманитарна одговорност кон граѓаните се со цел да се здружат во едно движење на национално ниво каде на следните парламентарни избори би учествувало“, вели Димитриевски.

Димитриевски порача дека се уште не е формирано име, но секоја идеја доаѓа во предвид.

Но, кои се луѓето кои им пристапуваат, односно дали се тоа членови и симпатизери на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, неопределени?

Димитриевски на ова истакна дека им пристапиле луѓе од сите структури, без разлика на нивната политичка, етничка, верска припадност.

„Нема само леви и десни, има и кон центарот“, додава Димитриевски.

Димитриевски одговори дали поддршката за Преспанскиот договор ја давал согласно сопствената совест.

„Првично преспанскиот договор не беше во целост објавен во јавноста и во самата фаза на кампањата на референдумот. Јас цврсто верував со тогашниот тим во СДСМ дека Преспанскиот договор е добро решение, но дефинитивно истиот не беше обзнанен и за него не беше дебатирано во ниту еден момент“, вели Димитриевски.

Дали францускиот предлог беше негација на македонскиот јазик?

На ова прашање одговори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

„Дефинитивно да“, порача Димитриевски.

Фото: принтскрин јутјуб тв21

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk