logo
logo
logo

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ кај скопско Кучково

Vecer | 05.08.2021

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ кај скопско Кучково

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, објави дека пожарот во село Кучково е целосно изгаснат.

-Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево избувна во с.Кучково. Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија брзо беше ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета. Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа, вели тој.

Наумоски додаде дека зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна и апелираше да се почитува забраната за движење во шумските предели и да бидеме сите исклучително внимателни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk