Според Единствениот судски регистар на политички партии во земјата има 63 активни политички партии, а заклучно со 21 септември оваа година, има поднесено едно барање за упис – запишување на политичка партија во судски реrистар на политички партии и предметот сè уште е во работа. Според информации од Судот, а како што пренесува Плусинфо, сите овие политички партии се активни, иако за дел од нив јавноста можеби и не чула никогаш или дознаваме дека постојат пред и само за избори.
Последните парламентарни избори во Македонија се одржаа во 2020 година, а тогаш, според податоците на Парламентарниот институт, учествувале 50 политички партии, а народни избраници на почетокот на мандатот имале само 19 партии.
Колку партии ќе учествуваат на следните избори сè уште е рано да се знае, но до 21 септември во Единствениот судски регистар на политички партии во Основниот граѓански суд – Скопје се запишани вкупно 63 политички партии, а една е во постапка за регистрација. Освен во Скопје, политичка партија може да се регистрира и во судовите во Тетово, Штип и Битола. Но, податоците и од овие судови се слеваат во Единствениот судски регистар на политички партии.
Кој се има регистрирано партија?
Од пролетта наваму партиите крстосуваат по земјава на средби со граѓани. Кампањите официјално не се поврзуваа со избори, туку за поткрепа и добивање поддршка од граѓаните. Темите беа и се уставни измени односно иднината на земјата во контекст на ЕУ, но партиите од базите добиваат сознанија и за потребите на граѓаните со цел подготовка на новите програми и понуди. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ – која беше меѓу членовите да ја консолидира партијата по излегувањето на групата на Изет Меџити, ЛДП, ДОМ, Беса, Алијанса на Албанците … се само дел од партиите што имаат свои активности, се реорганизираат или ги консолидираат редовните пред изборите.
Токму Меџити беше меѓу првите кој најави нов политички субјект, а по него во албанскиот блок тоа го направи и Африм Гаши, а потоа и Скендер Реџепи. Во македонскиот блок тоа го најави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој формира здружение, а се спомнуваа и имиња на други лица.
Поименично 63-те партии се: Нова Алтернатива, СДСМ, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија, Странка на демократска акција на Македонија, Македонска алијанса, ЛДП, Сојуз на Ромите од Македонија, Работничко земјоделска партија на Република Македонија, Демократски сојуз, Партија за движење на Турците во Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Партија на Власите од Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Единствена Македонија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Демократска унија за интеграција, Трајно Македонска Радикално Обединување-ТМРО, Демократски сили на Ромите, ВМРО-Народна партија, НСДП, Комунистичка партија на Македонија – Титови Сили Скопје, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Албанците, Социјалдемократска Унија, Партија на обединети Демократи на Македонија (ПОДЕМ), Обединети за Македонија, Нова либерална партија, Движење за национална единство на Турците, Национална Демократска Преродба (НДП), Достоинство, Демократска партија на Ромите, Партија на пензионери, Десница, Работничка партија, Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), Обединета Партија за еднаквост на Ромите, Српска Странка во Македонија, Лартија за оnштествен и економски наnредок (ПОЕН), Роми обединети од Македонија, Беса, Алијанса на Албанците, Левица, Македонска акција, Глас за Македонија Бошњачки демократски сојуз, Движење за држава и правда, Демократи, Интегра-Македонска конзервативна партија, Партија за демократски просперитет на Ромите, Алтернатива, Партија за целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија, Централна демократска унија, Твоја партија, Родина Македонија, Македонска Ера третаI, Македонски независни листи, Движење за демократија, права и слобода, Опра Рома, Политичка партија Македонски концепт, Европско граѓанско движење, Политичка партија Десна и Европска Демократска Партија – Partia Demokratike Evropiane (ЕДП-PDE).
Илјада потписи за нова партија
Политичките партии се еднакви пред Уставот и законот. Им се гарантира слобода и независност во дејствувањето и во определувањето на нивната внатрешна структура, целите и изборот на демократски форми и методи на дејствување. Во својата внатрешна организација можат да формираат партиско истражувачко-аналитички центри, а во својата внатрешна организација политичките партии не смеат да формираат воени или полувојни структури.
Со постоечкиот Закон се предвидува партија да можат да основаат најмалку 1.000 граѓани на земјава, кои имаат избирачко право и кои го дале својот потпис за основање само на една политичка партија.
Член на политичка партија може да биде секој полнолетен и деловно способен граѓанин, кој ќе даде потпис за доброволно членство во политичката партија. Таа престанува да постои со бришење од Судскиот регистар кога политичката партија ќе поднесе барање за тоа, врз основа на правосилно решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар, донесено од страна на Судот, кога на политичката партија и е забрането дејствување со правосилно решение, кога органот утврден со статутот на политичката партија ќе донесе одлука за спојување со друга политичка партија, кога е намален бројот на членовите на политичката партија односно кога ќе има помалку од илјада членови, како и кога Уставниот суд ќе утврди дека програмата или статутот на политичката партија не се во согласност со Уставот.
Целиот текст можете да го прочитате ОВДЕ.