logo
logo
logo

Се огласи Иван Стоилковиќ за ситуацијата на Косово (ДЕТАЛИ)

Vecer | 11.12.2022

Се огласи Иван Стоилковиќ за ситуацијата на Косово (ДЕТАЛИ)

Лидерот на Србите во Македонија и претседател на ДПСМ Иван Стоилковиќ, вечерва упати јавен повик за трпение и дисциплина по најновиот развој на настаните во Косово.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

-Смирете ги вашите недоносени деца. Никогаш немало, ниту сега има премногу простор, ниту време за сомнежи.

Синџирот на настани кои, како и секогаш, започнаа со вербална агресија, веднаш беа проследени со насилни провокации, брутални тепања и инсценирани апсења на Срби, проследени најпрвин со громогласен молк, а потоа и со вообичаени флоскули за двете страни, така што во крај на се се претвори во едностраниот пристап на албанските спонзори, спротивно на сите меѓународни договори чии гаранти и покровители беа тие.

Интересно е што денеска се огласија и кучињата на војната од Македонија.

Криминалците и воените злосторници повторно јаваат, бараат засолниште и амнестија за злосторството во кое се потонати, во нова војна.

Од македонската држава не треба да очекува принципиелен став за почитување на меѓународните обврски, мислам на повикот за почитување на Бриселскиот договор, затоа што албанските партии ќе го искористат својот уценувачки капацитет кон нивните партнери во владата како влог во нивниот опстанок во власта и одбраната на заедничкиот криминал.

Мора да бидеме искрени, знаевме и знаеме дека нема откажување од Голема Албанија, ниту кај Албанците, ниту во западните центри на моќ кои досега ги поддржуваа, помагаа и охрабруваа. Секогаш имало само нијанси, лукави и подмолни игри и стапици кои и се поставувале на Србија во однос на евентуални промени или корекција на ставовите за прашањето за Косово и Метохија.

Иако бриселскиот договор е склучен под покровителство на Европската унија, тој секако се претвора во една од таквите манипулации, зачудувачки никој не се грижи за последиците кои би можеле да произлезат од ваквите очигледни меѓународни политички измами.

Во знак на солидарност со нашиот обесправен народ на Косово и Метохија, ве повикувам да се собереме околу политиката на државниот врв на Србија на чело со претседателот на Србија Александар Вучиќ, која е основен предуслов за зачувување на нашиот народ на Косово и Метохија и мирот во регионот, против сите оние кои ќе ја затапеат или оневозможат легитимната и легална борба на Србија и на српскиот народ во целина.

Историјата покажа дека за нас Србите нема недостижни цели кога сме обединети.

Сигурен сум дека огромното мнозинство од нас сака мир и економски напредок, но искрен сум кога велам дека освен драматичен пресврт во однесувањето на дел од меѓународната заедница, што пред сè би ги смирило своите презрени деца, речиси ништо не може да спречи да се објави конфликт.

Војната не само што започна, таа никогаш не беше завршена.

Денес, војните не се само класични борбени конфликти со употреба на смртоносно оружје, туку и конфронтации на полето на дипломатијата, информативните, финансиските и економските војни, техничко-технолошките конфронтации и, последно, но не и најмалку важно, психолошките војни.

Верба, трпение и дисциплина сограѓани Срби, вистината е на наша страна!, пишува лидерот на Србите во МАкедонија и на партијата ДПСМ Иван Стоилковиќ на ФБ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk