logo
logo
logo

Ице спасувал животи во Кочани – НЕГОВИТЕ ДРУГАРИ ПОСТХУМНО ЌЕ МУ ЈА ИСПОЛНАТ ЖЕЛБАТА да го однесат неговиот автомобил на саем

Vecer | 27.03.2025

Ице спасувал животи во Кочани – НЕГОВИТЕ ДРУГАРИ ПОСТХУМНО ЌЕ МУ ЈА ИСПОЛНАТ ЖЕЛБАТА да го однесат неговиот автомобил на саем

Дваесетгодишниот Ице Андонов е еден од загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој го жртвувал својот живот за да спасува луѓе, кобната ноќ на 16 март.

Тој имал неисполнета желба која неговите другари ќе му ја исполнат постхумно – да го однесат неговиот автомобил на саем за автомобили.

Според сведочењата, Ице бил вработен во дискотеката и неколкупати влегувал и излегувал за да спасува животи, а имал и обиди да ја скрши заглавената споредна врата.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица. Почина и возачот на брзата помош во Кочани кој ноќта и во текот на следниот ден превезувал повредени лица од Кочани до Скопје. Кога дошол дома заспал, и повеќе не се разбудил.

„Нека почива во мир, ова лето имаме саем во Битола. До другарите, повелете со неговата кола ќе се снајдиме за трошоците“, стои во објавата на Бабам Битола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk