logo
logo
logo

Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите, А ВО ШТИП СЕ РАБОТИ НА ТРИ НОВИ ИНЕСТИЦИИ

Vecer | 05.05.2025

Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите, А ВО ШТИП СЕ РАБОТИ НА ТРИ НОВИ ИНЕСТИЦИИ

„Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари. Истовремено се обезбедени околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион. Оризот стана стратешка култура и ќе биде дел од стоковите резерви. Така што тоа што ние го направивме за неколку месеци, тие седум години не ни помислија да го прават за земјоделците, а најмалку за оризопроизводителите. Се сеќавате на министерот за земјоделие, кога им ветуваше, посебно на оризопроизводителите, за жал не само што не го испорача, туку дополнително ги уништи“, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата Христијан Мицкоски, за забелешките од СДСМ, дека не се помага на оризопроизводителите.

Премиерот Мицкоски рече дека Владата се бори за земјоделците и во таа насока ќе продолжи да работи.

„Денеска каде и да одите, дали во Тиквешијата, дали ќе одите во Пелагонија кај тутунарите, дали во струмичко кај раноградинарските производи и зелката, ќе видите дека имаме историски цени и историска наплата. Зошто? Затоа што оваа Влада се бори за земјоделците, а не е ортак со откупувачите. И така и ќе продолжиме“, објасни Мицкоски.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ново најавените инвестиции, најави инвестиции и во Штип

„Да, најавивме нова инвестиција којашто ќе се случи за 10 до 12 дена од денеска, неколку десетици милиони евра и повеќе од две стотини вработени. Целосно ќе биде производството наменето за извоз на бела техника, значајно ќе учествува во бруто домашниот производ. И истовремено, сакам да ги информирам штипјани и луѓето од околината на Штип, дека работиме на две и проширување на една, на три инвестиции во зоната овде во Штип. И мислам дека многу скоро, денеска ќе има убави вести за граѓаните на Штип и околината и за овие две со проширувањето, би рекол три инвестиции. Вкупно, сумарно ќе биде околу илјада и повеќе од илјада нови вработувања и неколку стотици милиони евра.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk