logo
logo
logo

ИН МЕМОРИАМ: Почина историчарот и професор Александар Стојчев

Vecer | 19.04.2021

ИН МЕМОРИАМ: Почина историчарот и професор Александар Стојчев

Почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев поради компликации од коронавирусот, на 46 годишна возраст.

Професорот Стојчев од 2006 година бил раководител на Службата за воена историја – Воен музеј во Министерството за одбрана, а претходно во периодот од 2002 година до 2006 година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Во својата професионална кариера тој бил и доцент и вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја и наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја, а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (Воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.

На пошироката јавност, професорот Стојчев и беше познат по документарните телевизиски емисии за историјата на Република Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk