Стартува трката за место во средните училишта за 2026/2027 година. МОН нуди над 25.000 места, а најголем избор има за оние кои сакаат стручно образование.
Според најновиот конкурс, дури две третини од слободните места (над 17.000) се наменети за стручно оспособување на младите.
Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања - првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување - на 20 август.
Пријавувањето започнува електронски, а завршува со поднесување документација во самите училишта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата