logo
logo
logo

И ПОЛИЦАЕЦ УЧЕСТВУВАЛ ВО КИДНАПИРАЊЕТО и претепувањето на

Vecer | 04.05.2024

И ПОЛИЦАЕЦ УЧЕСТВУВАЛ ВО КИДНАПИРАЊЕТО и претепувањето на

Скопјанец бил жртва на три члена група во која бил и полицаец. Го грабнале го натепале и го прободелеле со нож во нога и во рамо. Еден е в притвор еден во бегство а на полицаецот му е одземени пасош и добил уште три други мерки на претпазливост.

Тричлена група во која бил и полицаец грабнале 34-годишен скопјанец од пред неговиот дом го тепале и му барале 10 илјади евра. На 23-ти април двајцата осомничени го повикале да излзезе со изговор дека им е потребна помош а потоа насила го внеле во автомобилот зад чиј волан седел полицаеот. Додека полицот возел, други двајцата му се заканувале и со нож го избоделе во ногата и во рамото, информираат од обвинителството.

ОЈО Скопје: Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди. Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

На 1 Мај скопјанецот пријавил во полициска станица Аеродром дека шест дена претхдно бил жртва на грабнување и уцени и насилство. Не пријавил веднаш затоа што му се заканиле пишува во билтенот на МВР.

Позадината, релациите и другите околности поврзани со овој случај ќе ги расчистува скопското обвинителство кое води истрагата потив двајца од осомничените за разбојништво и противправно лишување од слобода.

Еден од нив е во притвор од нокеска другиот е во бегство и за него мерката ќе почне да важи откако ќе стане достапен. За полицаецот постапка за противправно лишување води специјализираното одделени за лица со полициски овластувања во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од таму предложиле, а судот прифатил да му определи мерки на претпазливост на полицаецот, одземање пасош, забрана за напуштање на градот, редовно јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и осомничените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk