logo
logo
logo

И покрај изгласана недоверба на членови на Судски совет ТИЕ И ПОНАТАМУ СИ РАБОТАТ

Vecer | 30.04.2025

И покрај изгласана недоверба на членови на Судски совет ТИЕ И ПОНАТАМУ СИ РАБОТАТ

„Со право е загриженоста во јавноста кога се однесува на најклучната алка во борбата со корупцијата и организираниот криминал, тука мислам на ДКСК и конфликт на интереси. Ние како пратеници, парламентарно мнозинство во Собрание, многу внимателно ја следиме состојбата токму во овој дел изминатите денови и почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Во овој момент остануваме воздржани во делот на коментирање на самиот чин и инволвираноста на првиот човек на антикорупциска во еден сериозен криминален скандал, меѓутоа очекуваме дека тоа ќе биде чин на оставка“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

Петрушевска е децидна дека имплементацијата на законодавството вклучено во борбата со корупцијата е директно врзана со системот на вредности и интегритет.

„Имплементацијата на законодавството, вклучително борбата со корупцијата е директно врзана со системот на вредности и интегритет. Само неколку месеци наназад токму во Собранието изгласавме недоверба на членовите на Судски совет, уште една, исклучително независна институција согласно Уставот и законите која треба да се грижи и да генерира независно судство и јавно обвинителство со тоа што ќе се приклучи во борбата со криминалите дејанија. Што се случи кога Собранието презема активности во овој дел? Во услови кога имате изгласан негативен извештај на Судски совет, само 2-3% доверба од страна на граѓаните на ниво на статистичка грешка и Собранието кои се претставници на народот и ви дале легитимитет, а потоа се гласа недоверба тие продолжуваат да си ја вршат функцијата и не го почитуваат гласот на народот“, заклучи Петрушевска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk