Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски одржа прес-конференција на која ги соопшти резултатите од првиот круг на овие локални избори. Тој официјално кажа дека Александар Стојкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров ја понесува победата во оваа скопска општина со голема предност пред Наумоски и другите кандидати.
– Со 9 215 гласа Александар Стојковски е новиот градоначалник на општина Ѓорче Петров, соопшти претседателот на ДИК Даштевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата