Најголем дел од граѓаните на последната анкета изјавиле дека забележуваат активности во борбата против организираниот криминал.
Во градацијата на одговорите на прашањето за оценката за борбата против организираниот криминал, повеќе од 60 отсто од испитаниците сметаат дека борбата е интензивна и континуирана, дека има активности, ама треба повеќе и дека забележливи се активностите ама не се доволни. Негативен одговор на ова прашање дале 23,2 отсто од испитаниците.
На актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор. Околу половина од испитаниците сметаат дека треба да се смени Судскиот совет (50,3%), а нешто помалку, 45,7% сметаат дека треба да се смени јавниот обвинител. Негативен одговор на ова прашање дале околу 20 отсто од испитаниците.
Анкетирањето на Меркет Вижн за МКД беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%).
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата