logo
logo
logo

Четворица од повредените во Кочани кои се лекуваа во софиската болница „Пирогов“ се враќаат дома

Vecer | 08.04.2025

Четворица од повредените во Кочани кои се лекуваа во софиската болница „Пирогов“ се враќаат дома

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза.

Во „Пирогов“ остануваат да се лекуваат уште четворица други повредени во Кочани.

Прес-центарот на болницата соопшти дека четворицата кои остануваат во болницата се во тешка, но стабилна состојба и се на интензивна нега. Во тек се бројни интервенции за нивно оправување.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загуби 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа  пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени - од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk