logo
logo
logo

ХОРОР! Мажот кој изгоре во станот во Хром бил УБИЕН! ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ

Vecer | 23.09.2023

ХОРОР! Мажот кој изгоре во станот во Хром бил УБИЕН! ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ

Јавното обвинителство соопшти дека вчерашниот пожар во скопската населба Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие убиството на сопственикот на запалениот стан. Жртвата имала рани со нож, а истрагата продолжува, пренесе Телма.

- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело. Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, информираше ОЈО.

„Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, објаснија надлежните.

За потсетување, вчера интервенираше пожарникарна екипа во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека вчера утрото, во 9:35 часот имале пријава за пожар. Пожарникарите интервенирале со три противпожарни возила, а горело на четвртиот кат од петкатницата. Затекнале целосно опожарен стан, со пламен кој излегувал надвор од прозорците. По целосно гаснење на пожарот, јавниот обвинител направи увид на местото на настанот, при што констатираше дека имало едно мртво лице.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk