Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и отецот Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас”, денеска по повод најголемиот христијански празник Божик, поделија хуманитарни оброци на лица од социјален ризик.
– Богатата божикна трпеза не смее да отсуствува во ниедно семејство. Христијански е да им овозможиме на оние кои имаат помалку да ја почувствуваат празничната радост и да знаат дека некој мисли на нив, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
За Божиќ, посочи Ѓорѓиевски, секое семејство заслужува богата трпеза, заслужува секој барем за миг и покрај сѐ да знае дека не е сам и дека има некој кој мисли и на оние на кои ретко кој помислува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата