logo
logo
logo

Градоначалникот Димитриевски дел од Меѓународниот управен комитет на Мрежата на силни градови

Vecer | 22.09.2023

Градоначалникот Димитриевски дел од Меѓународниот управен комитет на Мрежата на силни градови

На покана на Мрежата на силни градови градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски учествуваше на четвртиот Глобален самит на Мрежата на силни градови, кој се одржува во Њујорк за време на првата недела од 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Со низа настани и активности за зајакнување на глобалната соработка, заедно со високи владини претставници, градоначалници и глобални лидери од целиот свет,градоначалникот Димитриевски имаше можност да сподели искуства и да разговара за важноста на локалното лидерство во справувањето со омразата и екстремизмот, како дел од Меѓународниот управен комитет на мрежата.

Особена чест ми претставува тоа што сум дел од Меѓународниот управен комитет на мрежата, со кој копретседаваат градоначалникот на Хаг, Холандија и градоначалничката на Рабат, Мароко а истиот вклучува претставници од вкупно 25 града од целиот свет, вели Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk