logo
logo
logo

Градење во Скопје: БАЗЕН НАМЕСТО ЗГРАДА

Vecer | 06.03.2023

Градење во Скопје: БАЗЕН НАМЕСТО ЗГРАДА

Градилиште за зграда на улицата 9 Мај, зад Универзалана сала во Скопје, е полно со вода и претворено во базен. Жителите на околните згради и куќи велат дека водата не се испумпува, поткопани се темелите на околните објекти и стравуваат дека некој може да се сруши.

Од Општина Центар велат дека на градителот „Бинјапи инжинериг“ во петокот наутро градилиштето му е затворено оти не постапувал според дозволата за градба. Но, и покрај тоа тој попладнето си продолжил со градба, по што инспекцијата заедно со градоначалникот Горан Герасимовски вечерта излегле на терен и го затвориле градилиштето по втор пат.

„Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затвори градилиштето. Инвеститорот ‘Бинјапи Инжинеринг‘ има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, т.н. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење“, велат од Општина Центар.

Од Општината велат дека на градителотму е одреден рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk