Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска околу 3 часот и 35 минути, на улица „Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 28-годишниот Н.С. од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин.
.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Претходно во неделата попладнето околу 17,20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода 42-годишниот И.К. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Претнодниот истиот ден во скопска Гази Баба, околу 13 часто полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 28-годишниот Д.Ѓ.) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата