logo
logo
logo

„ГОЛЕМИ БИЗНИС ИНТЕРЕСИ постојат на Онкологија“

Vecer | 01.11.2023

„ГОЛЕМИ БИЗНИС ИНТЕРЕСИ постојат на Онкологија“

На Онкологија постојат големи бизнис интереси, рече вчера доктор Симонида Црвенкова, поранешна директорка на Клиниката за онкологија и моментален лекар на Клиниката на Анкетната комисија во Собранието за скандалот Онкологија.

Таа додаде дека меѓу персоналот се зборувало за спорадични случаи на кражби, алудирајќи на кражбата на медицинската сестра А.О. обвинета за проневера во службата откако и била дадена втора шанса да изнесува цитостатици од Клиниката.

Случајот пак со аптекарот Калтрин Уштеленца, обвинет дека примил поткуп за да и даде скапа биолошка терапија на пациентката Минка Веизовска, исто така стигнал до ушите на доктор Црвенкова, зашто пациентката била нејзина пациентка.

Слушнав зашто едниот случај за поткуп, е за моја пациентка. Но слушнав кога се обележаа парите и кога се фати човекот. Вториот случај беше за кражбата, тоа го слушнавме, кажаа сестрите. И тоа морам да кажам дека тие што го пријавуваа делото многу лошо поминуваа. Беа испрашувани им се закануваа дома, да не смеат да пријавуваат. Им се јавуваа од фамилија и после рекоа сестрите дека никогаш во иднина и да видат нешто, нема да пријават. И такви моменти има. И сите треба нас да не разберете таму. И да кажам нешто, може ќе звучи како филозофирање. Секоја информација што ќе се каже за Онкологија треба детално да се провери или е намерно или ненамерно пласирана дезинформација за да се остварат нечии интереси. Таму постојат големи бизнис интереси, рече доктор Црвенкова, пренесе Слободен печат.

Пратеничката Рашела Мизархи побара од неа да образложи за притисоците врз персоналот што пријавувал кражби.

Лично ми кажаа сестрите што ја пријавија кражбата, дека неколку пати биле повикувани, биле сослушувани, многу било непријатно. И дека дома добивале јавување од фамилии. И ми рекоа дека веќе никогаш нема да поминат по тој пат и нема да пријават.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk