logo
logo
logo

ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА - УМС на ВМРО-ДПМНЕ со 20 метарско платно за Делчев (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 03.02.2023

ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА - УМС на ВМРО-ДПМНЕ со 20 метарско платно за Делчев (ФОТО+ВИДЕО)

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешното чествување на роденденот на нашиот великан Гоце Делчев во истоимениот студентски дом  направи акција за да ги потсетиме сите дека Гоце е Македонија, дека Гоце Делчев е фигура којашто обединува и да кажеме НЕ на сите обиди на македонската Влада или на некои странски Влади да го злоупотребат споменот на Гоце Делчев за внесување поделби и раздор во македонското општество, рече Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

На овој чекор се решивме бидејќи бевме сведоци на невештото и по малку сервилно и недостоинствено постапување на властите во Македонија, почнувајќи од претседателот, парламентарното мнозинство и Владата кои чествувањето на споменот на нашиот великан го направија безбедносно прашање за кое дури заседаваше и Советот за безбедност, додаде тој.

Тој потенцира дека Гоце е најобединувачката фигура во македонската историја, дека Гоце Е Македонија и дека аманетот на неговото дело чиј плод е независна Република Македонија ниту ќе биде заборавен, ниту ќе биде напуштен од овој народ и обидите на Владата со делување и неделување да ја искористи оваа најсветла фигура од македонската историја за понатамошна поделба на македонското ткиво не може и нема да им успее.

-  Исто така дел од аманетот на Гоце е онаа славна и визионерска реченица за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. И во тој дух ги повикувам сите млади луѓе на мирно и достоинствено одбележување на споменот на овој великан онака како што нему и нам ни доликува, а оние било од земјава или од надвор што ќе се обидат да го злоупотребат овој лик за креирање на поделби во ова општество ниту му мислат добро на истото, ниту се достојни на ликот и делото на Гоце, а оние кои доаѓаат од странство, ниту пожелни во оваа држава, рече тој.

https://youtu.be/R43aRkBpNC4

Истакна сите останати без разлика дали од земјава или од странство се добредојдени да му се поклонат на овој македонски великан.

-  Ова ви го кажува човек во чиешто семејство има жртви за идејата на Гоце - независна Република Македонија, рече Шамбевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk