Денеска Општина Кавадарци ја посети амбасадорот на Република Франција во Македонија, г-дин Сирил Бомгартнер. На средбата со градоначалникот Митко Јанчев се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за процесот на пристапување и приближување на Македонија кон Европската Унија.
По средбата амбасадорот и градоначалникот ќе ги посетат С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов'' и О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов'' Кавадарци, за амбасадорот да се запознае со праксата на изучување на францускиот јазик како и да се разгледа можноста за формирање на француски паралелки во основното и средно образование.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата