logo
logo
logo

(ФОТО) Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата

Vecer | 20.12.2021

(ФОТО) Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата

Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот, а со тоа, да се спречат евентуални несреќи кои можат да настанат.
– На барање на жителите поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки, посочи градоначалникот Александар Стојкоски.
Меѓу улиците, опфатени се „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, улицата „1596“ „49“. Како општина, Ѓорче Петров апелира возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината со која се движат и истата да ја прилагодат согласно законските регулативи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk