logo
logo
logo

ФОНДОТ БИЛ КАКО БУНАР БЕЗ ДНО: 60 постапки во тек, се водат истраги и за странски лица, еден од нив е Гунтер Ферлингер

Vecer | 24.04.2025

ФОНДОТ БИЛ КАКО БУНАР БЕЗ ДНО: 60 постапки во тек, се водат истраги и за странски лица, еден од нив е Гунтер Ферлингер

Околу 70 стручни лица и 8 странски експерти се под истрага за начинот на одобрување на проектите во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Ова во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 го откри директорот Никола Додов.

Меѓу лицата под истрага е и Гунтер Ферлингер, познат во јавноста по барањето санкции од страна на ЕУ за Македонија.

Како што и он, и некои други членови на комитетот, и он е под истрага поради начинот на одобрување на компаниите. Не би ги споменал. Сите се проверуваат, но под сомнеж се околу 70 домашни, и најверојатно 8 странски експерти, вели Додов.

На прашање што правеле, Додов вели дека се договарани и преговарани начините која компанија и што да добие.

Откако сум на чело на фондот неколку пати пробаа членовите да дојдат официјално да се запознаеме, дознав дека биле тука секој втор месец, за сите зборам, некои дури и поредовно доаѓале во Македонија, и биле гости што реално се тоа било на трошок на Фондот, вели Додов.

Директорот на Дондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Никола Додов изјави дека во Фондот се во тек околу 60 активни постапки, а над 82 компании се со неправилности.

„Во однос на ревизијата, досега активни предмети се околу 60, минатата недела имавме нови 17, а од пред месец дена што се вршат подготовки и примени, некаде ќе стигнат над 80 компании каде што има неправилности, и каде што Комитетот одлучил дека они не ги исполниле ниту обврските, ниту проектните активности, ниту пак го испочитувале буџетот кои самите го презентирале“, вели Додов.

Како што вели, четири од нив отвораат фирми, аплицираат за инструментот што дава најмногу пари, потоа кварталот од 6 го кратат на 1, средствата ги добиваат наеднаш и фирмата оди во стечај.

„Има компании кои што незнајќи ги процедурите заглавиле во лавиринти“, вели Додов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk