logo
logo
logo

Фирмите на синот на Васко Ковачевски РАБОТЕЛЕ ТУРБО ОТКАКО СИ ДАЛ ОСТАВКА (ДЕТАЛИ)

Vecer | 11.12.2024

Фирмите на синот на Васко Ковачевски РАБОТЕЛЕ ТУРБО ОТКАКО СИ ДАЛ ОСТАВКА (ДЕТАЛИ)

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство, работеле турбо откако тој поднел оставка во април 2023 од челната функција на државните електрани, објавува „Фактор“.

Фирмата Елтек Доо увоз-извоз Скопје, во која самиот Васко Ковачевски има удел од 10 отсто, а неговиот син поседува 90 проценти, работи на проектирање и изградба на трафостаници, но и на фотоцентрали и хидроцентрали.Приходите во 2023 се зголемиле за 78 отсто. Забележаниот приход е 525.000 евра, а добивката е зголемена за 2099 отсто, односно изнесува 92,3 илјади евра.Со слична дејност е и фирмата Елтек Градба Скопје, каде што Никола Ковачевски е единствен сопственик. Приходите се зголемиле за двојно повеќе минатата година и изнесуваат 569.000 евра. И добивката во 2023 бележи раст од 1.076 проценти, а заработката е 121.000 евра, пишува „Фактор“.

Бројот на вработени горе-доле останал ист. Синот Ковачевски ги поседува и фирмите Ембер Тим и Ембер Нетворк од секторот информации и комуникации, од кои едната има многу помали приходи, додека другата речиси никакви.

Фирмите на Ковачевски кои поседуваат лиценци за изведба, проектирање и надзор на градби од прва категорија за една година му донеле добивка поголема од 200.000 евра и приходи од околу 1,1 милион евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk