Министерот за правда, Игор Филков, запрашан дали планира да се повлече од функцијата и да се кандидира за градоначалник на општина Карпош, одговори со зборовите „апсолутно не“.
-Како ќе се приближуваме кон локалните избори, нашиот фолклор ќе биде се поинтересен. Видете, не планирам да се повлечам од функцијата, планирам да продолжам со реформите и не планирам да се кандидирам за градоначалник на Карпош. Односите во коалицијата се одлични, кажа Филков.
За препирките со пратеникот Антионио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и односите меѓу владеачките партии, Филков рече:
-Би се задржал само на коментарите кои што се дел од демократијата. Верувам дека и во иднина ќе следат како што се ближиме кон предизборието. Односите во коалицијата не можат да бидат подобри.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата