logo
logo
logo

Филипче и СДСМ ГО ЛАЖЕА НАРОДОТ ДЕКА БУГАРИ ВО УСТАВ СЕ ЕДИНСТВЕНИОТ УСЛОВ

Vecer | 17.04.2025

Филипче и СДСМ ГО ЛАЖЕА НАРОДОТ ДЕКА БУГАРИ ВО УСТАВ СЕ ЕДИНСТВЕНИОТ УСЛОВ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави (цитирам) "уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот". Оваа негова изјава значи врел шамар  за СДС, Венко Филипче и целата надворешна политика на оваа партија која се заосноваше на тезата дека уставните измени се единствениот услов кој треба да се исполни, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ. Продолжувањето на преговорите со ЕУ не зависи од Извештајот на ЕК, туку од уставните измени. Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени“, се зборовите со кои Бојан Маричиќ лажеше и ја убедуваше македонската јавност, дека "бугари" во Устав се последната кнедла која треба да се проголта.

Додека ВМРО-ДПМНЕ бараше гаранции и уставните измени со одложено дејство, СДС повторно не убедуваше дека нема опасност од ново вето од Бугарија.

И претседателот Христијан Мицкоски, јасно посочуваше дека смената на уставот е само почеток на барањата, СДС пак лажеше дека тоа не е точно.

СДС ја заплеткаа државата во чвор, го лажеше народот и ги распродаваше државните и национални интереси без око да му трепне.

Каде е сега Венко Филипче да ја убедува јавноста дека уставните измени се единствениот услов за напредок?

Ќе се извинат ли што ја лажеше јавноста?

Едно е сигурно, СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk