logo
logo
logo

Филипче до милиметар ја следи политиката на Заев КОЈ ПРИФАТИ СЕ ШТО БУГАРИТЕ ПОБАРАА

Vecer | 28.04.2025

Филипче до милиметар ја следи политиката на Заев КОЈ ПРИФАТИ СЕ ШТО БУГАРИТЕ ПОБАРАА

Венко Филипче се гордее со неговиот претходник, Зоран Заев и учи од него. Тој призна дека не сака да се одвои од неговата сенка и дека и народот треба да учи од неговото искуство и политики спроведени во минатото, велат од ВМРО-ДПМНЕ

А неговите политики спроведени во минатото од Заев, покрај криминал и корупција се предавството на националните интереси.

Зоран Заев е човек кој со едната раката на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше.

Откако со Бугарија влезе во процес на преговори и без око да му трепне, Заев прифати се што Бугарите од него побараа.

Сега, таа попустлива политика на Зоран Заев спрема Бугарија, до најмал милиметар ја следи и неговиот наследник во СДС, Венко Филипче. Наместо државничка политика за заштита на националните интереси, Филипче инсистира на попустлива и политика на предавство на националните интереси.

Дека политиката на Филипче и СДС е предавничка, пред некој ден потврди и Бујар Османи, кој призна дека со дозвола на СДС, со Бугарија преговарал за етнички прашања.

Со вакви погубни и предавнички политики и послушнички и поданички однос кон Заев, не е ни чудно што на последните анкети на јавното мислење, половина од граѓаните Филипче не го препознаваат за лидер на опозицијата.

Со неговите потези Филипче само потврдува дека СДС продолжува да биде синоним за неспособност, криминал и предавства, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk