logo
logo
logo

БУГАРСКИ ОБИД ЗА ПОДЕЛБА ВО МПЦ-ОА? Изборот за Митрополит да се претвори во ријалити шоу

Vecer | 30.05.2025

БУГАРСКИ ОБИД ЗА ПОДЕЛБА ВО МПЦ-ОА? Изборот за Митрополит да се претвори во ријалити шоу

Таман помисливме дека се стивнаа бугарското и грчкото мешање во внатрешните работи на државата и особено на Црквата, деновиве повторно сме сведоци дека се прават обиди, пред се од бугарска страна, за мешање во внатрешните работи на Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија.

Обидот сосема јасен и нескриен - да се испровоцира поделба во МПЦ околу избор на нов Митрополит и член на Синодот, и да се урне угледот на сегашниот состав на Синодот и поглаварот на МПЦ - Охридска архиепископија Г.Г. Стефан.

Вклучени се сите досега “скриени“ елементи блиски до Бугарската православна црква за таа цел, и меѓу свештенството но, и меѓу некои портали.

Провокацијата за создавање судир во МПЦ-ОА и самиот Синод е дали следниот избор за Митрополит и член на синодот да биде со еден или два кандидати за нов член.

Пробугарската линија бара најмалку два кандидати, долги дебати за афирмација на “својот“ а омаловажување на “туѓиот“ кандидат, што потоа значи поделба во Синодот на „за“ или „против“ некој од нив и долго помирување на двете страни кои различно гласале. Веќе видено во политичките партии.

Но, Црквата не е политичка партија и затоа опстанала со векови, и според системот и според својата посветеност, и според постојаната поддршка во народот.

Во Црквата, особено Православните цркви кои немаат централен врховен водач како Католиците со папата во Ватикан, заради мир во куќата и заради чување на достоинство и доверба пред јавноста и верниците, пред да се гласа и избира нов Владика претходат долги разговори, анализи и подготовки кои завршуваат со избор на соодветен кандидат пред да се гласа за него - токму за да нема поделби во Синодот но, и во јавноста и кај верниците на еден и/или друг табор.

Некои високи свештеници, и ним блиски пробугарски ориентирани портали и неколкумина само јавни личности, знаат што значи поделба на јавноста и верниците на табори, кавги, протести и омаловажувања на “туѓиот“ кандидат и затоа заговараат нешто што не е традиција на МПЦ- Охридска Архиепископија - борба меѓу кандидати за нов владика на отворена сцена.

Како за Евровизија.

Секогаш имало само по еден предложен кандидат. Таква е нашата помесна пракса.  

Изборот на Митрополити и проширувањето на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во 21-виот век, за прв пат се случи во 2004 година.

При проширувањето на Синодот на МПЦ-ОА во 2004, немаше кандидат и противкандидат. Имаше само по еден кандидат, па така беа избрани Методиј, Пимен, и Климент.

Тогаш на седница на Синодот беше донесена одлука да се изберат нови Владици и Епикоп.

·       Митрополит Американско-канадски г. Методиј (хиротонија: 21. 06. 2005),

·       Митрополит Европски г. Пимен (хиротонија: 02. 10. 2005) и

·       Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА.

<br>
<br>

Една година подоцна беше второто проширување на Синодот на МПЦ-ОА кога беше избран Митрополит Брегалнички г. Иларион (хиротонија: 13. 07. 2006), како единствен предлог.

Во 2012 година, се случи третото засилување на Синодот на МПЦ-ОА во 21-виот век со уште двајца нови викарни епископи Јосиф и Јосиф. И тогаш, како и претходно, немаше кандидат и противкандидат. Имаше само по еден предложен.

Архимандритот Јосиф Тодоровски од Бигорскиот манастир беше избран за викарен епископ лешочки во Полошко-кумановската епархија (кој сега е умировен) и јеромонахот Јосиф Пејоски од манастирот во Kалишта за викарен епископ велички во Скопската епархија, а подоцна и Митрополит Тетовско-гостиварски.

Во 2018 година се случи четвртото засилување на МПЦ-ОА со изборот на Јаков за Епископ Стобиски, а во 2020 година и петото засилување со изборот на Партениј за Епископ Антаниски, а за Митрополит Кумановско-осоговски беше избран Григориј.

Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), претседава Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. Останатите членови на Синодот се сите Митрополити и Епископи кои се на чело на Епархии. Митрополити се Петар, Наум, Агатангел, Јован, Методиј, Пимен, Иларион, Јосиф, Григориј.

Двајца епископи како членови на Синодот се Јоаким и Марко.

Викарните Епископи (помошните Епископи) не се членови на Синодот. Тие се Климент, Давид, Јаков, Партениј и Никола. Не е член на Синодот ниту умировениот Митрополит Јосиф од Кумановската епархија.

Останати архиереи на МПЦ-ОА, кои не се членови на САС се:

  • Поранешен Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф (хиротонија: 21. 10. 2012)
  • Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА
  • Епископ Стобиски, г. Јаков (хиротонија:, 25. 11. 2018)
  • Епископ Антаниски и игумен на Свештениот Бигорски манастир, г. Партениј (хиротонија: 12. 07. 2020)
  • Епископ Давид викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски
  • Епископ Велички Никола, архијереј на Македонска православна црква

Синодот на МПЦ-ОА има вкупно 12 членови од кои 10 се Митрополити, а двајца се Епископи. Четворица се Архиереи на МПЦ-ОА.

МПЦ-ОА има прекрасно знаме
МПЦ-ОА има прекрасно знаме

Да бидеме конкретни, има појави на пробугарски па и прогрчки ставови во МПЦ-Охридска архиепископија.

Во западна Македонија има манастири на кои се вее жолтото знаме со црн орел на Грчката православна црква, има и епископи по манастри кои често гостуваат на бугарски медиуми и даваат изјави дека МПЦ, Македонската православна црква произлегла од бугарската, а за тоа време примаат доверба, пари и опстојуваат од македонски граѓани и верници кои имаат сосема различно политичко и верско гледиште и ставови.

Некои ќе се појават јавно, а некои како епископи од западна или владика од источна Македонија ќе работат зад грб други да зборуваат во нивно име.

Има такви нешта, ги гледаме и повремено ги објавуваме.

Но, дали тие ретки појави сега ќе добијат шанса да доминираат и да го преземат работењето, традицијата и темелот на Македонската православна црква-ОА и Синодот.

Црквата, секако и МПЦ-ОА, му припаѓа на народот, а му служи на Бога.

Не им припаѓа на бугарофилите и не служи на ничија политика, особено не на бугарска или грчка.

Фото: Архива

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk