logo
logo
logo

СУДИИТЕ СЕ ШТИТАТ СЕБЕСИ ВО КРИМИНАЛОТ? За Ѓоко Ристов засега не се бара притвор

Vecer | 18.01.2026

СУДИИТЕ СЕ ШТИТАТ СЕБЕСИ ВО КРИМИНАЛОТ? За Ѓоко Ристов засега не се бара притвор

За судијата Ѓоко Ристов засега нема да се бара да биде испратен во притвор, ниту пак има информации дека е задржан од надлежните органи. Тој и натаму ужива имунитет, кој може да му биде симнат од Судскиот совет, по барање на судија на претходна постапка.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека постапката е во тек и дека конечна одлука за евентуални мерки допрва ќе се носи.

„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот, за што навремено ќе информираме“, велат од ОЈО-ГОКК.

Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид.

Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.

Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а во зависност од нивниот исход ќе се одлучува дали ќе се побара притвор и одземање на судискиот имунитет. објави Скопје1.мк

Постапката за одземање на имунитетот е итна и Судскиот совет е должен да одлучи во најкраток можен рок по барањето на судот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk