logo
logo
logo

ЗОБЕК МИНИНГ е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко ФИЛИПЧЕ

Vecer | 17.06.2025

ЗОБЕК МИНИНГ е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко ФИЛИПЧЕ

Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани.По низата заштита и изземање од разни криминални и корупциски скандали како случајот Онкологија и модуларната во Тетово, повторно, ликот кој се штити од прогон, е токму сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, станува збор за луксузно ауди Q8 во вредност од 130 илјади евра кое го користи Филипче, а кое е земено на лизинг од фирма која за време на владеење на СДС добиваше тендери за снабдување на ЕСМ со јаглен.

Фирмата Зобек мининг груп е фирмата која го купила луксузното возило и му го дала на Венко Филипче.

Тоа го потврдува и газдата на фирмата, Енис Колашинац кој вели дека неговата фирма го земала на лизинг аудито Q8 и дека го зеле токму за Венко Филипче, посочувајќи дека сега возилото се наоѓа во владение на претседателот на опозициската СДС.

Бизнисменот Колашинац е многу близок со Филипче и Заев. Тоа е човекот, кој заедно со браќата Заеви и Венко Филипче, се журкаше на приватната забава со Харис Џиновиќ во луксузен хотел во Дубаи.

Иако имаме јавно признание на бизнисменот кој вели дека аудито на лизинг го зел за Венко Филипче и дека сега тоа е во негова сопственост, обвинителството молчи.

А, за ист таков случај Јавното обвинителство веќе има отворено постапка против поранешниот директор на СОЗР од редовите на СДС, Пеце Мирчевски, додека пак од судот му беше определен притвор.

Зошто Венко Филипче е заштитен и привилегиран?

Го повикуваме ЈО да почне да работи и против Филипче да отвори истражна постапка, соопштија од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk