logo
logo
logo

Министерот МИСАЈЛОВСКИ НА НАЈВИСОКО НИВО ВО ПЕНТАГОН

Vecer | 10.04.2026

Министерот МИСАЈЛОВСКИ НА НАЈВИСОКО НИВО ВО ПЕНТАГОН

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог меѓу двете земји, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во американскиот Пентагон.

Министерот Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што беше потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата беше нагласена заедничката определба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел зајакнување на регионалната и глобалната безбедност.

Воедно, министерот изрази благодарност за континуираната поддршка од САД која е исклучително значајна во процесот на модернизација на македонската Армијата и развојот на интероперабилноста со сојузниците во НАТО.

Во Пентагон, министерот Мисајловски оствари средба и со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка на САД, Мајк Милер, на која беше истакната важноста за инвестирање во одбранбените капацитети како предуслов за долгорочен развој на безбедноста.

На средбата беа разгледани тековните и идните програми за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансиска и техничка помош за сојузничките земји, при што беше потврдена успешната досегашна соработка.

Соработката со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за нејзин натамошен развој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk