logo
logo
logo

ИМАЛО ЗАКОН! Освен насилничките кои тепаа ученичка ќе одговараат и нивните родители

Vecer | 05.05.2026

ИМАЛО ЗАКОН! Освен насилничките кои тепаа ученичка ќе одговараат и нивните родители

Полицијата поднесе кривични против родителите чии деца тепаа и малтретираа малолетно девојче во Ѓорче Петров. Тие ќе одговораат за запуштање и малтретирање на деца. Поднесени се шест кривични пријави.

„Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров“, соопштија од полицијата.

Во текот на вчерашниот ден за насилство беа поднесени пријави и против 4 малолелетнички ( три на возраст од 14 години и една на 17 годшина возраст).

Кривични пријави за четири малолетнички кои учествуваа во инцидентот кон крајот на месец март во Ѓорче Петров кој ја вознемири домашната јавноста поради степенот на бруталност, а ќе одговараат и нивните родители. Во обвинителството постапката тече, а во училиштето наставничкиот совет им го намалил поведението или, пак, им изрекол укор на сите кои учествуваа во инцидентот. Малолетничката која е жртва во овој немил настан ја следи наставата од дома.

„Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички, една 17-годишна и три 14-годишни, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ.. Во текот на утрешниот СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници“, соопшти МВР.

Според информациите на Телма, две од пријавените ученички не се од училиштето „Мирче Ацев“, туку од средното хемиско и друго основно во Општина Ѓорче Петров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk