logo
logo
logo

Утре во Собрание РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ

Vecer | 15.12.2025

Утре во Собрание РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување, но таа би требало да му биде доставена во текот на денов.

До крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември треба да се одржи седница за пратенички прашања.

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека наскоро ќе бидат донесени два закона од Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет, а останатите закони се чекаат да пристигнат во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk