На 20.01.2025 околу 14:45 часот на ул. „Пере Тошев“ во Охрид од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, лишен од слобода е Б.И. (35) од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот, информираат од МВР.
Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата