logo
logo
logo

Системот на МВР автоматски е поврзан со Министерството за финансии

НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ СИТИ“ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА (ВИДЕО)

Vecer | 22.04.2026

НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ СИТИ“ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА (ВИДЕО)

Граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“, кои ги платиле во банка или електронски, информира Министерството за внатрешни работи.

„Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии. Граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се внесе единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“ во уплатницата“ соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да не ја носат потврдата од платената санкција во полициска станица, со што ќе го заштедат своето време и ќе избегнат непотребен метеж.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk