logo
logo
logo

Божиќна честитка од потпретседателот и министер Стоилковиќ

Vecer | 07.01.2026

Божиќна честитка од потпретседателот и министер Стоилковиќ

По повод празникот Божиќ, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име упатувам искрени честитки до сите верници од христијанска вероисповед. Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија, пишува во својата божиќна честитка потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

- Божиќните празници нека придонесат кон продлабочување на семејните и општествените вредности, негување на солидарноста и унапредување на меѓусебното разбирање. Во духот на празникот, посакувам овие денови да бидат исполнети со стабилност, лична и семејна благосостојба и уверување дека преку соработка и одговорност можеме да придонесеме за напредок и заедничко добро.

На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ.

Христос се роди! Вистина се роди! Нека е честит и благословен Божиќ, порача Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk