logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ одбележа 35 години постоење со пораки за иднината

Vecer | 18.06.2025

ВМРО-ДПМНЕ одбележа 35 години постоење со пораки за иднината

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ одбележа 35 години од своето постоење со свечен настан во античкиот локалитет Хераклеја, Битола. Присутните слушнаа пораки за иднината на партијата, како и критики на адреса на опозицијата.

Лидерот и премиер, Христијан Мицкоски, на собирот потсети на важноста функционерите да останат скромни и одговорни кон граѓаните. Тој ги повика членовите да не дозволат власта да ги оддалечи од основните вредности и да се пазат од ароганција и користољубие.

Апелирам до сите наши функционери и членови – не заборавајте кои сте, од каде дојдовте и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да покажеме одговорност и волја, и да потврдиме пред граѓаните дека сме различни од претходните власти. Оваа влада ја презеде одговорноста кога состојбата беше кризна, но денес можеме со гордост да кажеме дека нашата земја е една од најбрзо растечките економии во Европа, со четвртиот највисок економски раст на БДП.

Христијан Мицкоски, премиер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk