logo
logo
logo

ЗАСИЛЕНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ќе се контролираат мотоцикли и тротинети

Vecer | 03.06.2026

ЗАСИЛЕНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ќе се контролираат мотоцикли и тротинети

Полицијата од 2 до 7 јуни ќе изврши  засилени контроли на мотоциклисти, мопеди и е-тротинети. Се работи за контроли во европската акција на ROADPOL, информира Министерството за внатрешни работи.

„Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни од најзагрозените учесници во сообраќајот во делот на користење на соодветна заштитна опрема, техничка исправност, право на управување и одговорно возење со почитување на сообраќајните правила и прописи, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди“.

Македонија е членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји..

„Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период кога поради топлите денови овие возила интензивно учествуваат во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава“, соопшти МВР порачувајќи сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат парвилата поради сопствената и безбедноста на сите други учесници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk