logo
logo
logo

СО ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО АЛБАНИЈА - Во тек подготовките за нова железничка врска

Vecer | 10.07.2026

СО ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО АЛБАНИЈА - Во тек подготовките за нова железничка врска

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска информираше дека заедно со Европската Унија, во рамки на Планот за раст, интензиво се работи на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар, во прва фаза, со Кичево во втора, а во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија.

– Мојата идеја и еден вид на сон да направиме меѓуградски возови, нешто што многу ќе го растовари сообраќајот, ќе ја намали гужвата и загадувањето. Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе следна година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центар на Тетово до центар на Скопје со едно пријатно возење – рече Николоски, посочувајќи дека овие активности ќе бидат продлжение на проектот „Градски воз“ во рамки на Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk